
Но според комуналните работници во Германија нивната плата не е доволна и затоа штрајкуваат…
Во една од најразвиените европски земји овие денови почнаа да штрајкуваат и комуналните работници.
Па така сите оние што се грижат градовите во Германија да останат чисти и го носат ѓубрето во раните утрински часови, додека сите останати спијат, решија да побараат поголеми плати.
Штрајкот се одржува во неколку градови во Германија, како и во главниот град каде работниците во Берлинската комунална служба (БСР) започнаа штрајк во траење од неколку дена, пишуваат медиумите.
Тие бараат зголемување на платите во БСР за околу 8 %, односно минимално 350 евра месечно.
Штрајк на комуналните работници во Германија
Исто така бараат да се зголемат и примањата за приправници и стажисти од околу 200 евра, а се бараат и поголеми додатоци за посебни и тешки работи како и три дополнителни слободни дена.
Според синдикатот Вер.ди, овие барања се нужни како заради инфлацијата, така и заради зголемените животни трошоци, но и како тешките работни услови би се компензирале со попристојни плати.
Маркетинг
Колку се платите на вработените во БСР
Вработените во службата за носење на комуналниот отпад во Берлин (БСР) месечно заработуваат околу 3600 евра бруто.
Оваа плата се состои од основна плата според колективниот договор (2.762 евра) и додатоци од 797 евра. Нивната обврска вклучува празнење на кантата за ѓубре во возилата за таа намена, носење и отстранува на отпадот, како и планирање на рутите за да се опфатат сите места. Работното време е од 6 до 14. часот, без разлика на временските услови, а слични се условите и за работниците кои се задолжени за чистење на улиците и зелените површини.
Но кај овие работници постојат две смени – од 5.30 до 13.48, како и од 13.30 до 21.48, додека преку зима се можни и дежурства.
Платата за оваа работа за оние со полни работно време изнесува 3.188 евра бруто (2762 евра а колективен договор плус 426 евра додаток.
Принтскрин/ Гламур
Платите на комуналните работници кај нас
Како што објави неодамна ТВ21, вработените во ЈП Комунална хигиена Скопје не само што имаат мали примања, туку некои од нив немаат ни решение, а не им е платено ни здравственото осигурување.
И покрај тоа што станува збор за тешка работа, овие работници воопшто не се ценети и имаат мали примања, а се соочуваат и со недостиг на работни алати и камиони, но и на работна сила, што нивната и онака тешка работа дополнително ја прави уште потешка.
Како што вели соговорникот во прилогот вработен во Комунална хигиена Скопје, платата му е 25.000 денари, во јануари месец немал здравствено осигурување, немаат к-15, работи без слободни денови и веќе цели 6 години работи без решение.
И како што вели тој, дополнителните работни часови не му се платени, додека директорот на ЈП Комунална хигиена Скопје Сабахудин Рустеми тврди дека сите прекувремени часови се платени.
Повеќе за ова погледнете во видеото…