CelebrityTV

Во една од наредните емисии на „Ѕвездите на Гранд“ ќе има посебен сегмент посветен на Саша Поповиќ – еве ги деталите

Како помина првото снимање на „Ѕвездите на Гранд“, без Саша.

Advertisement

Оваа недела беше снимена првата епизода на „Ѕвездите на Гранд“ без креативниот директор и основач на Гранд, Саша Поповиќ, а тимот кој работи на најгледаниот проект се потруди сè да помине беспрекорно.

принтскрин јутјуб

Посебен сегмент во „Ѕвездите на Гранд“ беше посветен токму на Саша, а како што откри Милан Митровиќ, гледачите наскоро ќе имаат можност да го видат тоа пред малите екрани.

Advertisement
принтскрин јутјуб

– Имаше еден посебен сегмент, и тоа ќе биде многу емотивно, но и убаво за гледање. Дури има и една песна посветена на Саша Поповиќ, но не би сакал да откријам повеќе од тоа. Наскоро ќе видите сè – изјави Милан Митровиќ, а потоа додаде:

принтскрин јутјуб

– На убав начин и со еден прекрасен гест му беше оддадена почит на нашиот Саша. Навистина не смеам да откријам сè, не би било толку убаво и интересно на крајот.

принтскрин јутјуб

Како ќе изгледаат „Ѕвездите на Гранд“ без Саша Поповиќ

Потсетуваме, речиси еден месец по заминувањето на Саша Поповиќ, екипата на „Ѕвездите на Гранд“ повторно се собра во студиото на Гранд овој понеделник.

Advertisement
принтскрин јутјуб

– Ќе ни биде многу тешко. Веќе подолг период бевме без него, но редовно се слушавме. Се јавуваше по телефон, ни пишуваше пораки на сите нас. Првпат сега, вака, без неговиот глас, но животот мора да продолжи. Заради него мораме да бидеме уште подобри и гледани – изјави Вики Миљковиќ за Гранд.

Сите детали од првото снимање на „Ѕвездите на Гранд“ по смртта на Саша Поповиќ можете да ги погледнете во видеото подолу.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button