LIFESTYLEХороскоп

Можеби ви изгледа повлечено, но во Девицата секогаш ќе ја најдете потребната поддршка

Advertisement

Најдобри партнери се оние кои секогаш се тука за вас кога ви се потребни.

ФОТО: unsplash.com

За некои луѓе, тоа е личност која сака да биде рамо за плачење кога на партнерот му е тешко. За останатите, тоа е личност која има конкретно решение за проблемите на партнерот и ќе му помогне да ги премине. Ако сакате партнер на кој можете да се потпрете, би требало да бидете во врска со овој хороскопски знак, кој секогаш ќе ви биде поддршка, како во добри, така и во лоши времиња.

Advertisement

Девиците се многу посветени и љубовта ја сфаќаат сериозно. Романтични се, целосно фокусирани и одговорни. Со Девицата би требало да сте во врска ако барате партнер кој ќе ги преиспитува сите опции за да ви помогне да решите одреден проблем. Партнерот роден во овој хороскопски знак обрнува внимание и на најситните детали.

Тој ќе направи детален план за сите работи кои ве интересираат, вклучувајќи и во кафулињата каде што можете да излегувате, каде има попусти, каде можете да најдете одредени работи… Нема да заборави и на вашето хоби, а секогаш кога ќе тргнете на пат ќе биде тука за вас за да ве потсети да не заборавите нешто.

Девиците исто така се организирани, што е голема предност за нивниот партнер. Тие се реални и не попусто другите бараат совети од нив, затоа што Девиците се познати по тоа што на нештата им пристапуваат од објективната перспектива, што е ретко во денешно време.

Advertisement

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button