NEWSВести

Во Бугарија поскапуваат и молитвите: Свеќите со нова „света“ цена

Advertisement

Од први ноември важат нови повисоки цени за свеќите што верниците ги палат во храмовите на Бугарската православна црква.

Со одлука на Светиот синод на БПЦ од 21 октомври, се воведува делумна промена на цените на црковните парафински и восочни свеќи, а кои ќе бидат наведени и во евра, покрај во левови.

Advertisement

Според новата одлука, свеќите од 0,80 стотинки (или 25 денари во МКД) сега ќе чинат 1 лев (32 денари), додека цената на свеќите од 6 лева се зголемува на 8 лева. Цените ќе се прикажуваат во леви и евра.

Единичната цена на црковните парафински свеќи е: 0,40 лв. (0,20 €), 1,00 лв. (0,51 €), 2,00 лв. (1,02 €), 4,00 лв. (2,05 €) и 8,00 лв. (4,09 €).

Цените на восочните свеќи се: 1,00 лв. (0,51 €), 2,00 лв. (1,02 €), 4,00 лв. (2,05 €) и 8,00 лв. (4,09 €).

Веќе се појавија коментари дека би било поудобно за верниците и продавачите ако цените во евра се заокружуваат за полесна наплата.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button