Наместо во Грција, во 2025 ќе одиме на шопинг во Гевгелија – еве ги деталите
Гевгелија добива нов мол со ексклузивни брендови, фришоп на илјада метри квадратни и најголемо Џамбо во Македонија.
Гевгелија добива трговска дестинација – во 2025 година, во летната сезона, се очекува отворањето на Гевгелија Мол кој се најуавува дека „ветува дека ќе ги редефинира традиционалните шопинг искуства, комбинирајќи ги купувањето, забавата и дружењето во еден единствен простор“.
Гевгелија Мол ќе има широк спектар на продавници и ексклузивни брендови, од модни додатоци до облека и уникатни производи за домот.
Тука, ќе биде лоцирана и најголемата Џамбо продавница во Македонија, на импресивни 3.500 м² исполнети со производи за домот, играчки, декорации…, како и Фришоп на 1.000 м².
Се очекува овој фришопот да биде главна дестинација за туристите и патниците кои бараат атрактивни понуди и ексклузивни брендови по поволни цени. Ова ќе биде еден од најголемите фришопови во регионот, совршено сместен во непосредна близина на граничниот премин Богородица.