Наши ѕвезди

Внуката на Панчо скршена од болка сподели тажна фотографија – солзи течат од овие сеќавања

„Ќе ми недостигаш засекогаш“, напиша Мина

Advertisement

Внуката на Владимир Блажев Панчо, сподели црно-бела фотографија со која растажи своите бројни фанови.

Станува збор за младата пејачка Мина Блажев, која беше мошне блиска со Панчо, но и со сите останати членови од бендот.

Advertisement

Имено, Мина во 2021 година заедно со ДНК ја сними песната „Кобра“ која и денес се врти по нашите радиостаници.

Принтскрин/ Јутуб

На нејзиниот профил се уште стојат и фотографиите со Панчо што ги објави кога дозна дека тој починал.

Мина тогаш скршена од болка напиша тажна порака, а нејзините емотивни зборови ги растажија нејзините следбеници.

Инстаграм/ Мина Блажев

„Прасе мое, џуџе мое, срце мое… А едвај чекав да те видам и да те изгушкам најсилно на цел свет, напиша тогаш Мина

„Срцето ми е тешко, мислев дека за кратко ќе те слушнам пак како ми викаш “Прасац кога ќе се видиме” ама знам дека не можеше без твојата екипа, па реши повторно да им се придружиш, за да пеете сите заедно само сега на едно поубаво место каде што песната никогаш не замолчува. Искрен, со големо срце, со душа што знаеше искрено да сака и да помага – тоа беше ти. Веќе ми фалиш најмногу на свет, патувај мирно прасе мое. До следно видување те сака твоето омилено внуче дебилче“, сподели тогаш Мина на својот Инстаграм.

Принтскрин/ Јутуб

Потсетуваме, Панчо беше погребан на 16 октомври, а почина по тешка седуммесечна борба со последиците од пожарот.

Во трагедијата што се случи на 16 март загинаа 63 лица, меѓу кои и колегите на Панчо, Андреј Ѓорѓиески, Сара Пројковска, Ѓорѓие Ѓорѓиев, Филип Стевановски, Александар Коларов, Александар Ефремов, Игор Велков и Мартин Атанасовски, оставајќи неизбришлив печат на македонската музичка сцена и голема тага кај нивните семејства, но и кај пријателите, колегите и јавноста.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button