Внуката на Арсен Дедиќ отворено за борбата со болеста – „ја добив генетски, на ниеден начин не придонесов за неа“
„Немам проблем да живеам со тоа и би сакала како јавна личност да помогнам на другите, да покажам дека сè е можно и покрај дијагнозата“.

Лу Дедиќ, внуката на легендарните Габи Новак и покојниот Арсен Дедиќ, ќерка на нивниот син, џез пијанистот Матија Дедиќ, минатата година го привлече вниманието со учеството на музичкото натпреварување „Дора“.
Иако оваа година не се обиде да избори настап на Евросонг, младата уметница продолжува да ја гради својата музичка кариера со забрзано темпо.

Покрај музичките ангажмани, Лу успешно ги усогласува и своите академски обврски – моментално студира сајбер комуникации.
И покрај бројните предизвици, таа отворено зборува за својот живот со дијабетес тип 1.
„Често постои стереотип дека дијабетесот се појавува поради прекумерна консумација на благо, но тоа не е точно, особено не за типот што јас го имам.

Го добив генетски и на ниту еден начин не придонесов за тоа. Во торбата секогаш носам инсулин, а нивото на шеќер го следам преку апликација на телефонот.
Немам проблем да живеам со тоа и би сакала како јавна личност да помогнам на другите, да покажам дека сè е можно и покрај дијагнозата,“ искрено изјави Лу.
Младата уметница продолжува да ја освојува музичката сцена, градејќи кариера со автентичност и посветеност, додека во исто време инспирира многумина со својот отворен и храбар пристап кон животот.