Новости

Внуците скршени од тага, Дино Мерлин ги расплака сите – најпотресните моменти од комеморацијата на Халид Бешлиќ (Видео)

Најемотивниот момент на настанот без сомнение беше обраќањето на неговиот долгогодишен пријател и колега, Дино Мерлин. Со глас што се задушуваше во солзи, Мерлин изговори зборови со кои ги расплака сите присутни во салата.

Advertisement

Комеморацијата во чест на легендата на народната музика Халид Бешлиќ се случи денес и започна со минута молк и потсетување на неговиот богат живот и делото што остави длабока трага на регионалната музичка сцена.

Најемотивниот момент на настанот без сомнение беше обраќањето на неговиот долгогодишен пријател и колега, Дино Мерлин. Со глас што се задушуваше во солзи, Мерлин изговори зборови што ги разнежнија сите присутни во салата. Додека зборуваше, публиката плачеше, а тагата и љубовта кон Халид се чувствуваа насекаде.

Advertisement

„Драга фамилијо, драги пријатели, зборовите се зборови, но сликите и чувствата говорат повеќе. Ќе споделам со вас некои слики и мигови кога последен пат го видов Халид. Топла соба, октомвриска ноќ, некоја благост во неа.  Дремеше, а низ сонот, низ усни му се лизна една псовка кога го завртевме на другата страна – се насмеавме. Му раскажував шеги, се смеевме за да не заплачеме, да ги измамиме болот и смртта. Му донесов чоколадо, „Мерси“. Го милував по косата, по рацете, по чистата бела глава. Толку едноставен, а толку посебен човек – како брашно, како хартија, како сол. Толку топол, како нашиот Халид. Патувај, бела птицо, во џенетскиот виноград. Ќе помине многу вода низ Босна додека се роди душа како твојата, сакан да си, каде ѝ да си, сакан да си“ рече Дино низ солзи.

Ханка Палдум истакна дека Халид Бешлиќ ѝ бил голем пријател, не само колега, а во еден момент ја совладаа емоциите и ѝ се слоши. Таа веднаш се симна од бината, а сите ѝ притрчаа на помош.

Синот на Халид, Дино Бешлиќ, заплака додека за време на собирот се емитуваа песните на неговиот татко.

Advertisement

Пред Мерлин, со зборови на почит се обратија и внуците на Халид, кои исто така ги расплакаа присутните во салата. Зборуваа и актерот и кум на Халид, Емир Хаџихафизбеговиќ, Харис Џиновиќ и актерот Енес Бешлагиќ. Комеморативниот собир започна во 11 часот во Народниот театар во Сараево.

Салата на театарот беше премала за сите што сакаа да му оддадат последна почит на големиот пејач. Надвор, пред зградата, беа поставени видеобим и столчиња украсени со бели лилјани, симбол на чистота и спомен.

принтскрин јутјуб

Забележливо беше отсуството на неговата сопруга Сејда, за која се верува дека не присуствувала поради нарушеното здравје.

Халид Бешлиќ почина на 7 октомври оваа година, на 72-годишна возраст, по тешка болест. Веста за неговата смрт длабоко ја потресе јавноста низ целиот регион, каде што беше сакан не само поради својата музика, туку и поради својата човечност, добрина и топлина што ја носеше во секоја песна.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

New Ad
Back to top button