Реклама
Бизнис

Внимавате ли кога ги купувате овие три производи во маркетите? Еве како не лажат трговците

Производи што речиси секојдневно ги купуваме, но тие многу често се со сомнителен квалитет

Реклама

Купувајте проверени производи, од проверени трговци

Во светот денес постојат многу производи кои се фалсификат и кои се продаваат со лажни и неточни етикети, а многумина веруваат дека ситуацијата не е ништо поразлична и кај нас, посебно ако земеме во предвид дека живееме во држава во која до вчера и на најтешките пациенти наместо лекови, им се даваа лажни терапии, што само по себе е скандал од невидени размери.

Но за оваа монструозна ситуација во нашето општество во некоја друга пригода, а денес во фокусот ни се оние измамници кои од секого од нас, кој купува во маркет, можат да направат „пациент“.

Маркетинг

И тоа го прават само од една причина – да имаат што поголема заработка и да бидат што побогати.

Маркетинг
Фото: Унсплаш

Кој фалсификува храна?

Многу криминалци, но и големи компании заработуваат огромни суми продавајќи производи кои немаат никаква врска со она како се преставени. Па така на полиците во продавниците се продава чипс кој никогаш ни не видел компир, мед кој нема ништо природно во него, како и многу други производи од кои оние што ги продаваат енормно се богатат. И кога е светот во прашање, од овие измами во прехранбената индустрија се вртат најмалку 40-на милијарди годишно, а на некои места, верувале или не, дури и кафето е „фејк“.

Од друга страна производ како мед или кавијар веќе одамна се премногу ретки, па за да биде задоволена светската побарувачка на пазарот се продаваат евтини замени, а потрошувачот најчесто не е ни свесен за тоа.

Real Food/Fake Food: Why You Don’t Know What You’re Eating and What You Can Do About It

Кои производи најчесто се фејк?

И многу од овие производи не се здрави, односно содржат штетни состојки, а се продаваат како во малите продавници, така и во големите маркети, па потрошувачите често се соочуваат со овој феномен.

Вакви фалсификувани производи што се продаваат во светот има многу, а главна причина за сето тоа се секако – парите. Ова го вели и Лари Олмстед, автор на книгата: „Real Food/Fake Food: Why You Don’t Know What You’re Eating and What You Can Do About It“.

И како што вели тој, од една страна сите ние сме измамени, но од друга може и да бидеме отруени од алчноста на некои.

Еве некои од производите кои најчесто се фалсификуваат, а кои се популарни и кај нас, но и како да се заштитите од измама.

Фото: Унсплаш

Мед

Верувале или не, ама минимум една третина од медот што се продава во светот не е вистински, вели Лари во оваа книга.

Па ако се запрашувате зошто е тоа така, одговорот треба да го бараме во тоа што побарувачката за овој производ на глобално ниво е поголема од она што пчелите можат да го произведат, но и затоа што тешко може да се разликува добриот од лошиот мед.

Екстра „вирџин“ маслиново масло

И додека феноменот со фалсификување на медот се случува некаде со појавата на првите продавници и супермаркети, па и со желбата за што поголем профит, неквалитетното маслиново масло кое се продава како ладно цедено се случувала дури и во времето на стариот Рим, а се случува и сега. Па така денес тешко може да се забележи кои маслиново масло навистина е квалитетно, а криминалците стануваат се покреативни и поуспешни во своите измами.

Кафе

На овој списокот би го додале и кафето кое исто така често може да биде мета на вакви измамници, посебно што преставува голем бизнис во целиот свет. Па така и овој производ трговците отсекогаш го мешале со најразлични супстанци, а оваа практика секако дека се случува и денес, така што понекогаш навистина треба да се запрашаме што пиеме и што внесуваме во организмот.

Како да се заштитиме?

Што се однесува до тоа како да се заштитиме од ваквите штетни и лажни производи, Лари во својата книга советува да се купува храна само од проверени извори. Исто така треба да се провери и ознаката и потеклото на производот што го купуваме, бидејќи фалсификуваните често немаат истакнато јасна декларација, па делуваат по малку збунувачки. И затоа ако не сте сигурни во производот, тогаш најдобро е и воопшто да не го купите.

Па, кое е вашето мислење на оваа тема? И дали во нашите продавници има производи со кои трговците и компаниите не лажат?

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button