MAMAДом и семејство

Внимавајте, овие намирници не треба да се замрзнуваат – а еве и зошто

Некои намирници го губат вкусот, структурата и хранливи вредности кога се изложени на ниски температури.

Advertisement

Замрзнувачот често е прва помош кога сакаме да зачуваме остатоци од храна или да го продолжиме рокот на траење на намирниците. Сепак, не секоја храна е погодна за замрзнување.

Некои намирници го губат вкусот, структурата и хранливи вредности кога се изложени на ниски температури.

Advertisement

Еве на кои намирници да внимавате, не се за во замрзнувач.

Пржена храна и поховани јадења

Пржената храна и похованите јадења по одмрзнувањето обично стануваат меки и масни, бидејќи маслото не е рамномерно распределено.

За да ја зачувате крцкавоста на ваквата храна, како и вкусот, подобро е да ги оставите во фрижидер па пред да ги јадете повторно да ги загреете во рерна, наместо да ги замрзнувате. Се разбира, во фрижидерот можат да стојат најмногу два дена.

Advertisement
пекселс

Јајца и зеленчук со висок процент на вода

Тврдо варени јајца стануваат како гума и губат дел од вкусот доколку ги чувате во замрзнувач.

Зеленчук како краставици, салата или домати по замрзнување стануваат кашасти и ја губат природната цврстина.

Компир

Сиров компир не треба да се замрзнува, по одмрзнување може да стане сладок и да ја промени текстурата. Меѓутоа, преработен компир како помфрит или крокети може да се замрзнува без значителни промени во квалитетот.

Млечни производи

Јогурт, павлака и слични производи менуваат текстура, стануваат воденасти или зрнести доколку ги ставите во замрзнувач. Слично е и со меките сирења (бри, крем-сир) ја губат мазноста и добиваат непријатен, влажен изглед.

Тврдите сирења пак, подобро го поднесуваат замрзнувањето, но сепак можат да претрпат промени, особено ако се долго во замрзнувачот.

Ориз, тестенини и свеж зеленчук

Варен ориз или тестенини може да станат лепливи и да ја изгубат текстурата доколку ги замрзнете. Зеленчук што обично се јаде свеж, како домати или зелена салата, речиси секогаш го менува изгледот и вкусот по замрзнувањето.

Практични совети пред замрзнување

Проверете ја текстурата и составот на храната. Некои намирници се безбедни за консумација, но по одмрзнување може да изгубат значителен дел од квалитетот.

Размислете за алтернативи, наместо замрзнување на поховани јадења, чувајте ги во фрижидер до конзумирање и повторно загрејте ги во рерна.

Внимавајте на правилното пакување – ако замрзнувате, користете херметички затворени кеси или садови за да го намалите внесот на воздух и да го задржат вкусот на јадењето.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама
New Ad
Back to top button