Внимавајте овие играчки од Кина предизвикуваат гушење кај децата – итно повлечени од продавниците

Системот RAPEX за брза размена на информации за небезбедни производи на пазарот на ЕУ издаде предупредување за неисправност на детска играчка и нејзино повлекување од продажба.
Според известувањето, предметната играчка е електронска плишана играчка во розова и сина боја (лик од цртаниот филм Lilo & Stitch) со симулирано дишење. Сите сериски броеви се опфатени. Производот се продава преку интернет, особено преку веб-страниците magicpets.fr и Amazon.
Производот претставува ризик бидејќи влакнестиот материјал што се користи за полнење на играчката е лесно достапен поради лошата изработка на шевовите околу батеријата. Мало дете би можело да го стави материјалот за полнење во уста и да се задави.
Шевовите на играчката се слаби Фотографија: Printscreen/ec.europa.eu
Како резултат на тоа, производот не е во согласност со барањата на Директивата за безбедност на играчки или со европскиот стандард EN 71-1.
Информации за производот
Производ: Плишана електрична играчка за деца
Земја на потекло: НР Кина