NEWSВести

ВНИМАНИЕ: Ако ја направите оваа грешка одма ќе ви ги соберат парите од сметка – нова СМС измама!

Advertisement

Расте бројот на измами како на интернет така и директно преку телефонски јавувања и пораки. Кај нас во последно време е актуелна СМС порака која ви стигнува со содржина дека наводно треба да подигнете некаков пакет. Доколку имате нешто нарачано и очекувате пратка лесно може да наседнете на некоја ваква порака мислејќи дека се работи за вашата актуелна нарачка.

Бидете посебно внимателни и реагирајте откако добро се уверите дека ве контактира вашиот доставувач. Не кревајте на непознат старнски број и ова е честа измама, ако кренете голема е  веројатноста да ви земат голема сума на пари.

Advertisement

Во Србија пак деновиве се појави нов тип ан измама. Националниот CERT во земјата предупредува дека е во тек е кампања за смишинг, или фишинг кампања преку СМС-пораки, во која се злоупотребуваат имињата на добро познати оператори и корисници на мобилни услуги.

фото:Pixels

Поради веродостојноста на пораката и потенцијално големиот број на засегнати корисници, тие ги предупредуваат корисниците за можна злоупотреба на пораките, особено за време на одмори и престој надвор од територијата на нивниот домашен оператор кога корисниците се во роаминг.

Според веб-страницата на CERT, на корисниците им се испраќаат лажни СМС-пораки со кои се поттикнува да ги искористат своите наводно заработени поени со кликнување на сомнителни веб-адреси. Со кликнување на овие линкови, корисниците се пренасочуваат кон лажна веб-страница која бара од нив да го внесат својот телефонски број, а потоа со кликнување на „Продолжи“, се отвораат упатства за тоа како да ги искористат своите наводно заработени поени.

Advertisement

Откако ќе го внесете телефонскиот број, кликот ве води до страница на лажна продавница каде што можете да купите разни производи со поените што наводно сте ги заработиле. Само треба да изберете метод на испорака и да ги внесете вашите лични податоци, според веб-страницата на RATEL.

фото:Pixels

Внесувањето на податоците за вашата банкарска картичка на лажната веб-страница ви овозможува да ги повлечете достапните средства од вашата сметка, а не само наводниот износ за поштарина.

На граѓаните им се препорачува да не пристапуваат до линковите во овие пораки и да го пријават инцидентот доколку биле измамени или доколку забележат обид за измама.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button