UncategorizedХороскоп

Внесете го утре ова дома за среќа и благодат – ја славиме заштитничката на мајките, родилките и вдовиците

Честитајте им го именденот на сите Сузани и потсетете ги на житието на маченицата.

Advertisement

Утре, 24 август, православната црква го празнува споменот на света маченица Сузана, која се смета за заштитничка на мајките, родилките и вдовиците.

Нејзиниот живот и страдања се пример на непоколеблива вера и посветеност на Христос, а нејзината молитвена сила продолжува да ги крепи верниците и денес.

Advertisement

Света Сузана живеела во Рим во III век и била ќерка на презвитерот Гавиниј и роднина на римскиот император Диоклецијан. Била воспитана во христијанската вера и одбила да се омажи за пагански благородник, иако императорот лично ја повикал на брак со својот син. Нејзината одлука предизвикала гнев кај императорот, кој ја подложил на жестоко мачеништво. Отфрлајќи го предлогот за брак, таа останала верна на својата вера и била погубена заради својата непоколеблива посветеност на Христос. Нејзината храброст и вера ја поставиле како пример за сите верници.

принтскрин јутјуб

Света Сузана се почитува како заштитничка на мајките, родилките и вдовиците, носителка на утеха и духовна поткрепа во животните маки и надежи.

Верниците пред нејзиниот лик се молат за здравје, мир и благослов во семејството, со зборови кои го изразуваат нивното доверување во нејзината застапничка моќ.

Advertisement

Утре, на денот на маченицата Сузана, внесуваат во домот свежи бели цветови, како симбол на чистота и мајчинска љубов, и поставете ги покрај икона. Се запалува мала свеќа или се става чаша со вода како знак на духовна врска, што ја претставува благодатта и прочистувањето.

pexels

Во текот на овој момент на молитва, со искрено срце, се бара застапништво и утеха од света Сузана, која останува верен чувар на мајчинството и голем извор на духовна сила.

Света маченица Сузана продолжува да биде светилник на верата и надежта за сите кои се соочуваат со тешкотии во животот. Брза помошничка и застапничка е на маките на мајките, штом искрено ѝ се обратите.

Утрешниот ден е можност да се потсетиме на нејзиниот живот и да се молиме за нејзино застапништво и благослов во нашите животи.

На сите Сузани честитајте им го именденот и потсетете ги на житието на маченицата.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button