Нега и здравје

Внесете цимет во секојдневната исхрана и ќе бидете здрави и слаби!

Advertisement

Циметот обично не асоцира на некое благо јадење, како на пример сутлијаш, но тој има многу позитивни ефекти на нашето здравје и затоа треба да се потрудиме секојдневно да го користиме во исхраната. Имено, циметот значително придонесува за подобрување на целокупната здравствена состојба, меѓу другото:

Advertisement

1. Го забрзува метаболизмот

Циметот често се препорачува во диети и затоа треба да го внесете во исхраната ако сакате да ослабите. Го забрзува метаболизмот и со тоа помага побргу да слабеете. Можете да додадете една мала лажичка цимет во сок или смути, или да го пиете во комбинација со мед. За да имате резултати морате да консумирате барем една мала лажичка дневно.

2. Го намалува нивото на лошиот холестерол

Advertisement

Циметот го намалува нивото на ЛДЛ холестеролот во телото, а воопшто не влијае на нивото на добриот холестерол. Циметот е одличен природен лек за сите што страдаат од покачен холестерол, но сепак треба да се консултирате со лекар ако сакате да го користите за оваа цел.

3. Го одржува нивото на шеќер во крвта

Циметот го регулира нивото на гликоза во крвта и затоа им се препорачува на дијабетичарите. Со стабилизирањето на нивото на шеќерот во крвта обично се губи и вишокот килограми, секако, ако внимавате на исхраната.

4. Ја забрзува циркулацијата

Циметот го загрева телото и го подобрува протокот на крвта. Подобрата циркулација доведува до регулирање на крвниот притисок, односно до намалување на високиот притисок, а исто така и го помага сексуалниот нагон и кај мажите и кај жените. Ова значи посилна ерекција кај мажите, и поголема осетливост на клиторисот и срамните усни кај жените.

5. Антибактериско дејство

Циметот има антибактериски својства и помага во лекувањето на низа здравствени проблеми. Посебно се препорачува за проблеми со желудникот бидејќи ги исфрла штетните бактерии од дигестивниот тракт. Тој е исто така и одличен лек за акни, бидејќи ги уништува бактериите на кожата. Помага и во лекувањето на кандида.

Премини на следната страна >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
1 2Следна страница
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button