NEWSВестиПолитика

ВМРО-ДПМНЕ: „Мегафони на СДСМ“ повикуваат на ликвидација на Мицкоски

Advertisement

„Повод за овој прес е срамната и морбидна објава на социјалните мрежи од Бранко Тричковски, долгогодишен пропагандист и медиумски гласноговорник на СДС, кој во врска со настанот со лажната дојава за бомба во центарот на Скопје, пишува – цитираме: „Најголем предизборен штос би направиле кога во куферот би го напикале распарчaното тело на Христијан!“, изјави Викторија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ.

Според неа, овој морбиден испад не е изолиран случај, ниту дело на поединец со нарушена психолошка состојба.

Advertisement

„Кога мегaфоните на СДС повикуваат на распарчување на премиерот, тоа не е хумор – тоа е црна пропаганда насочена кон создавање страв, поделби и дестабилизација во изборен период. Тоа е дел од стратегијата на една потоната партија, која, наместо идеи, нуди омраза и агресија. Дополнително, фактот што медиуми кои важат блиски до СДС редовно ги објавуваат и промовираат ставовите на Тричковски, покажува дека станува збор за организирана хајка, диригирана од ист центар, со цел да се поттикне тензија, да се создаде впечаток на страв и да се измести фокусот од реалните теми што ја мачат државата и граѓаните. Да нема забуна – ова не е еден човек што зборува сам за себе, ова е гласот на очајот на СДС, кој се слуша преку нивните медиумски издувни вентили. Исто така, треба јасно да се потенцира и одговорноста на медиумите кои ги пренесуваат овие пораки — дали тоа го прават по налог и како дел од сценарио, или затоа што веруваат и се согласуваат со она што тој го пишува; во секој случај тие се соучесници во ширењето омраза и закани“, рече Андоновска.

Таа ги повика надлежните органи да проверат дали Тричковски има формални поврзаности со политички структури.

„Јасно нагласуваме: ова не е слобода на говор, туку повик за убиство — повик за криминален акт против животот на друг човек. Затоа, сите кои ги шират, ги оправдуваат или ќе го штитат овој човек немаат оправдување; тие се соучесници во поттикнувањето и нормализирањето на опасната реторика“, рече Андоновска и ги повика СДСМ јавно да се оградат од овој, како што кажа, срамен чин.

Advertisement

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

New Ad
Back to top button