Реклама
Наши ѕвезди

Во следната сезона на шоуто „Ѕвездите на Гранд“ влегува снаата на Брена – Пријовиќ конечно ќе може да и врати на Карлеуша!

Реклама

Саша Поповиќ и понудил 100.000 евра на Александра Пријовиќ за да се расправа пред камерите со Јелена Карлеуша, пренесуваат српските медиуми.

Покрај Пријовиќ во студиските столчиња треба да седне и Северина Којиќ, Дара Бубамара и Јелена Розга.

Маркетинг

Како што пренесува српскиот Информер, покрај Прија, во новата сезона ќе гледаме и ѕвезди од целиот регион. Од друга страна пак, Карлеуша инсистира во шоуто да се вклучи и нејзината колешка Дара, како би имала некој на своја страна што постојано ќе се расправа со Прија и Северина.

На судиските столчиња ќе седи Северина Којиќ, за која Јелена Карлеуша зборуваше вулгарности во минатото. Покрај Северина, Саша Поповиќ преговарал и со хрватската пејачка Јелена Розга, за која се надева дека деновиве ќе го потпише договорот. На екипата ќе им се приклучи и Дара Бубамара, и тоа заради инсистирање на Карлеуша.

Маркетинг

Во минатото Карлеуша ја навреди и снаата на Брена, Александра Пријовиќ. Тоа се случи кога Пријовиќ објави слика на Инстаграм од Цеца, па Карлеуша под истата разочарано и порача дека не и треба такво друштво.

Пријовиќ го избриша нејзиниот коментар, по што Карлеуша без влакна на јазикот и напиша: „Ќе ја испочитуваш сељандурата Пријовиќ (заради Брена), ќе и напишеш добронамерен совет, а таа ќе те избрише и повторно ќе постави слика од Цеца. Што значи рурално педигре!“

Поврзано

Back to top button