Влатко направи спектакл, цела вечер ечеа најубавите македонски песни од Античкиот театар во Охрид
Ова момче заедно со својата екипа уште еднаш им одржаа лекција на своите колеги музичари

Големо БРАВО за овој наш изведувач…
Влатко Миладиноски во придружба на големиот оркестар на неговиот брат Златко Миладиноски направија концерт за паметење.
Концертот беше одржан во Античкиот театар во Скопје каде имаше гости од цела Македонија, но и од нашата дијаспора, кои Миладиноски заедно со музичарите ги забавуваше цела вечер.
Фото: Аидемедиа
По одличниот концерт во Скопје, Влатко со овој свој настап уште еднаш покажа дека наш музичар може да наполни едно вакво место.
Имено, седиштата во волшебниот Антички театар беа исполнети до последно место, а атмосферата цела вечер беше врв.
Фото: Аидемедиа
Влатко и овој пат ги оправда сите очекувања, а привлече внимание и со својот елегантен стајлинг на сцената.
Еден од најемотивните моменти беше секако кога на сцената му се приклучија братучедите Дамјан Стојаноски и Дарко Стојаноски, а тука беше и Спасен Сиљаноски, уште едно златно грло од Кучево.
Фото: Аидемедиа
Цела вечер се пееја македонски песни, а Влатко со овој свој настап покажа дека и нашите фолк-пејачи можат да направат одлични концерти, па и да го наполнат античкиот театар до последно место.
Фото: Аидемедиа
Многу песни публиката ги пееше на глас заедно со него, а во еден момент во публиката се развеа и огромно македонско знаме.
И тоа она со сонцето од Кутлеш, а Влатко неколку пати се симнуваше од сцената и пееше меѓу публиката.
Како сето тоа изгледаше, погледнете во продолжение: