Беше весело во домот на Влатко Миладиноски – ја покажа сопругата, и двајцата блескаат од среќа (фото)
Сподели фотографија од свадбата, еве како ја изненади својата сопруга

Ова беше еден убав ден за пејачот и неговата сопруга
Познатиот фолк-пејач Влатко Миладиноски на социјалните мрежи сподели една фотографија со која многумина разнежи.
Имено, на Влатко и неговата убава сопруга Кристина прославија годишнина од бракот, па пејачот сподели една фотографија од нивната свадба со која ги воодушеви неговите бројни обожаватели.
Фејсбук/ Влатко Миладиноски
Тој со оваа романтична објава ѝ го честиташе бракот на својата сакана, но и покажа каква убавица била таа како невеста.
Потсетуваме, Влатко и Кристина на вечна љубов се заколнаа во 2016 година, а круна на нивната љубов се нивните ќерки.
Фејсбук/ Влатко Миладиноски
Тие имаат две ќерки Илина и Андреа, а Влатко никогаш не криел дека најубаво му е кога е во своето „гнездо“, со семејството.
„Јас се трудам колку што е можно повеќе да бидам со нив во секојдневните обврски но и во наши заеднички прошетки. Бидејќи сме многу често отсутни од дома, па затоа во секој можен момент гледаме да го наполниме тоа време. Секако дека не е лесно да се постигне тој компромис, но со малку труд од сите страни, се може да се постигне“, изјави Влатко во една пригода за Гламур магазин, па додаде дека неговото гнездо е токму околу семејството.
Фејсбук/ Влатко Миладиноски
Целото интервју со Влатко прочитајте го тука…