Наши ѕвезди

Влатко Миладиноски со нова среќна вест ги израдува обожавателите – и брат му е во приказната

Голем концерт во арена „Борис Трајковски“, во придружба на оркестарот на Златко Миладиноски

Advertisement

Еден од нашите најпознати фолк-пејачи Влатко Миладиноски сподели вест со која ги израдува своите верни фанови.

Влатко Миладиноски по големите концерти во Скопје и Охрид, најави уште еден вистински музички спектакл.

Advertisement

Имено, познатиот пејач го најави својот голем концерт кој ќе се одржи на 28 декември во Арена „Борис Трајковски“ во Скопје.

Оваа вест ги израдува неговите фанови, посебно оние кои не беа во можност да го гледаат неговите концерти во Македонската опера и балет како и во Античкиот театар во Охрид, кои покажаа дека Влатко знае што и треба на македонската публика.

Advertisement
Фејбсук/ Влатко Миладиноски

Пејачот и овој пат ќе настапува во придружба на големиот оркестар на Златко Миладиноски, па својата верна публика ја кани да уживаат заедно во најубавите македонски народни песни.

Интересот за влезници и за овој концерт веќе е голем и истите можат да се најдат преку онлајн на сервисот Купикарта.ком, како и во Розе Веро 2, ЈК Травел Биср и ЈК Травел Дајмонд.

Фејбсук/ Влатко Миладиноски

И како што пишува и на профилот на Влатко на Фејсбук, концертот ќе биде вистинска магија на македонската песна и веќе го најавуваат како едно од најголемите музички случувања за оваа зима.

Се очекува и овој концерт да биде распродаден, со што Влатко и неговиот брат Златко би го потврдиле статусот на едни од најдобрите и најбараните изведувачи на македонска народна музика.

Фејбсук/ Влатко Миладиноски

Потсетуваме, Влатко во изминативе месеци веќе одржа два големи концерти за кои се бараше влезница повеќе.

Фејбсук/ Влатко Миладиноски

Првиот концерт беше во Македонската опера и балет, додека вториот во август во Античкиот театар во Охрид.

Ова воедно беше и првиот концерт на наш фолк-пејач на ова место, а снимките од овој настан се уште кружат на социјалните мрежи.

Фејбсук/ Влатко Миладиноски

Влатко и неговиот брат тогаш и приредија на публиката вистинско уживање, на концертот како гости им беа и бфатучедите Дамјан Стојаноски и Дарко Стојаноски, како и кичевчанецот Спасен Сиљаноски.

Повеќе за ова прочитајте тука

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

New Ad
Back to top button