Влатко Миладиноски се огласи во врска со трагедијата во Кочани – изрази сочувство и го откажа концертот
На социјалните мрежи бројни наши ѕвезди се уште се збогуваат од жртвите и изразуваат сочувство до нивните семејства...

Влатко Миладиновски го откажа големиот концерт…
Најпрво на своите профили на социјалните мрежи изрази дека чувствува голема тага и болка, а потоа им изрази сочувство до семејствата на настраданите во трагедијата што се случи во Кочани.
Влатко потоа соопшти и дека го откажува големиот концерт во Скопје кој беше закажан за 22 март, а тоа го потврди и денес.
„Како да не постојат зборови во вакви ситуации. Искрено сочувство до семејствата засегнати во оваа трагедија. Апсолутно ненадоместливо. Прерано не напуштија премногу млади луѓе и прекрасни музичари, колеги“, напиша Влатко, па го додаде и следново:
„Во моментов немаме сила за концерт и музицирање. Нашиот концерт на 22 март дефинитивно ќе го преместиме“, напиша еден од омилените фолк пејачи на Македонците на социјалните мрежи.
Принтскрин/ Инстаграм
Оваа порака Влатко ја сподели во неделата, веднаш по несреќата, а вчера повторно се огласи со следните зборови:
„Драги наши. Утрешниот концерт на Влатко Миладиноски со големиот оркестар на Златко Миладиноски што беше закажан на 22 Март во опера и балет во Скопје, дефинитивно ќе биде одложен. Новиот датум ќе биде наскоро објавен, пишува во објавата.
Принтскрин/ Инстаграм
Потсетуваме, трагедијата што се случи претходниот викенд во Кочани ја потресе Македонија, но и целиот регион.
Во страшната несреќа настрадаа 59 лица од кои и осум музичар од бендот ДНК кој настапуваше таа вечер, додека еден од фронтмените, Владимир Блажев Панчо се наоѓа во приватната болница Систина и според последните информации што ги објавија од клиниката, во моментов е надвор од животозагрозувачка состојба.
Принтскрин/ Инстаграм
Меѓу настраданите е и Андреј Ѓорѓиевски, човекот кој исто така беше еден од главните во ДНК, кој им подлегна на повредите.
Принтскрин/ Инстаграм
Според сведочењата на оние што во кобните моменти биле таму, Андреј последен пат бил виден како се враќа во дискотеката за да спасува деца, но за жал, од таму никогаш повеќе не се врати.
epp