Реклама
Кафе муабет

Фуј! Еве колку навистина се опасни мувите и влакната во храната и јавните тоалети

Реклама

На многумина им се згадува кога ќе видат влакно во чинијата или кога ќе застанат пред „расфрлани“ влакненца на даската од тоалет шолја, но тие и не се толку опасни за здравјето колку што мислат многумина.

Влакно во храната

Маркетинг

Најпрво се шокираме кога ќе видиме туѓо влакно во својата чинија и веднаш ќе ни се згади но според стручните лица, нема опасност за ширење на болести. Верувале ули не, влакното се состои од протеин кој се вика кератин и не пренесува патогени, пишува Popular Science. Здравствени проблеми нема да предизвика па дури и да е контаминирано. Можно е да само да ја фатите бактеријата стафилококи, која предизвикува пролив, која може да остане на влакно, но тоа е  многу мала веројатност, објаснуваат дерматолозите за овој магазин.

Даска од WC школка

Маркетинг

Првото нешто што ќе го помислиме во овој случај, покрај гадоста што ќе ја почувствуваме, се бројни болести и бактерии. Но, шансите се многу мали да собереме бактерии како Е.коли. И во случај да седнете на ВЦ школка и да ја допрете со кожата, според стручните лица бактериите тешко минуваат низ кожата. Потребен им е допир со слузокожа како би се пренеле, па затоа шансите за зараза се мали. Имено, ако не се во допир со човечки организам, бактериите не можат долго да преживеат.

Но, затоа тие напоменуваат дека е многу важно да ги измиете рацете пред и по нужда, особено откако ќе ги допирате кваката и останатите предмети во тоалетот. Ако не измиете раце, бактериите можат случајно да се пренесат на устата, а тогаш ситуацијата е многу поопасна и ризикот да соберете некоја болест е многу поголем. А тоа не сака никој да му се случи, нели?

Инсекти во храната? Бљаааак …

Апетитот може нагло да ни се намали кога ќе здогледаме мува или бубачка како ни плива во храната. Но според стручните лица инсектите воопшто не се штетни. Ако некогаш и ни се случи да ги изедеме, тоа ќе има добро влијание на организмот бидејќи се полни со протеини.

B92/Magazin.hr

Поврзано

Back to top button