NEWSВести

Владата смета дека состојбата со пожарите е под контрола

Advertisement

Премиерот Христијан Мицкоски смета дека критиките на опозицијата насочени кон него во врска со пожарите се затоа што опозицијата мисли дека така ќе добие политички поени и поддршка кај граѓаните.

-Дури и да е сето тоа точно тие што го кажуваат, а ништо не е точно, се поставува вистинското прашање:

Advertisement

„Што прават тие за да помогнат во процесот“? Тие не прават ништо. Тие се занимаваат со некрофилија, со конструкции и лаги. Но тие ќе продолжат бидејќи немаат програма, немаат визија, немаат идеја. Ние имаме јасна програма, јасна стратегија како треба понатаму да работиме чесно, одговорно, посветено. Ќе се бориме и како што кажав многу пати до сега, ќе победиме на крај, рече Мицкоски.

Премиерот информира дека пожарите во Трубарево и Вардариште се целосно под контрола.

-Ги добив резултатите од Институтот за јавно здравје, сите параметри се во рамките на дозволеното. Во Дрисла е при крај, денеска завршува затрупувањето со земја на малиот дел кој димеше иако повеќе од 90% уште во понеделникот беше завршена таа активност. Состојбата е под контрола, порача Мицкоски.

Advertisement

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button