NEWSВести

Владата молчи, пензионерите плаќаат: Лимитот за бесплатно лекување бара итна промена

Advertisement

Партијата на пензионери повторно реагира и бара Владата итно да го зголеми номиналниот лимит за бесплатно болничко лекување за пензионерите со ниски примања.

Соопштуваат дека од март 2025 година минималната пензија порасна на 18.292 денари, додека лимитот за ослободување од партиципација и понатаму изнесува 18.000 денари. Поради тоа, подолг период ниту еден пензионер во државата не е ослободен од плаќање за болничко лекување, што најсилно ги погодува оние со најниски пензии.

Advertisement

Дополнителен проблем се и, како што велат, највисоките цени на лекови во регионот.

Поради ова, Партијата на пензионери бара лимитот од јануари 2026 година да биде зголемен на 25.000 денари и во иднина трајно да биде врзан со висината на минималната плата.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button