Ова е идеален рецепт за сите што сакаат пирошки, но немаат многу време за чекање на тестото.
Тестото се подготвува за 15 минути!
Ова е идеален рецепт за сите што сакаат пирошки, но немаат многу време за чекање на тестото. Ова тесто е меко, убаво се меси, не се распаѓа и не се лепи за рацете. Можете да го искористите за подготовка на пирошки, пици или кифлички.
Состојки:
· 4 шолји (од 2 dcl) брашно
· 2 лажици шеќер
· 1/5 лажичка сол
· 2 лажици масло
· 500 ml млеко (не мора да се загрева)
· сув квасец 11 гр.
Подготовка:
Измешајте ги сите состојки за да добиете рамномерна смеса. Добиената смеса прекријте ја со најлон или фолија и оставете ја во фрижидер да отстои 2 часа за да стаса. По два часа извадете го тестото од фрижидерот, валајте го во малку брашно и направете пирошки со фил по желба. Пирошките можат да се пржат во врело масло на рингла или пак да се печат во рерна, во тава намачкана со масло.