Овие мафини се извонредно вкусни и здрави и можат да се најдат на вашето мени дури и ако сте на диета. Секако, со нив ќе ги израдувате домашните или гостите во секое време.
Главните состојки се јогурт, банани и овесни снегулки, а за нивната подготовка ќе ви бидат потребни дваесетина минути.
Потребни состојки:
– 1 шолја јогурт
– 2 зрели банани
– 2 јајца
– 2 шолји овесни снегулки
– 1/4 шолја кафеав шеќер
– 1 и пол мала лажичка прашок за пециво
– половина мала лажичка сода бикарбона
– половина шолја темно чоколадо издробено на парченца и/или суво грозје
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 200 степени. Ставете ги сите состојки освен чоколадото/сувото грозје во блендер и убаво измешајте да добиете рамномерна смеса. Потоа додадете ја чоколадата/сувото грозје и промешајте рачно, со лажица. Сипете го добиеното тесто во калап за мафини, до ¾ од отворот и додадете парченца чоколада на површината. Се пече околу 15-20 минути во зависност од рерната (можете да проверите со чепкалка дали се готови). Кога ќе се испечат се остават десетина минути да се оладат па се послужуваат.