Уште од одамна пицата е омилено јадење на многумина.
ФОТО: tasteofhome.com
Но, кога омиленото јадење ќе се спои со омиленото холивудско лице, Џенифер Анистон, тоа значи добитна комбинација. Не е тајна дека актерката е голем гурман, а тоа го потврдува и нејзиниот рецепт за грчка пица, кој можете да го проследите во продолжение.
Advertisement
Потребни состојки:
тесто за пица (или самите да го подготвите)
малку моцарела сирење
2 исечкани пиперки
2 лажички маслиново масло
малку исечкан кромид
малку рукола
неколку црни маслинки
малку лук
1 лимон
Потребни состојки: Загрејте ја рерната на 220 степени. Тестото за пица ставете го на плех за печење. Прелијте го со маслиново масло, а потоа со сос од домати. На тоа ставете лук, рукола, сирење, маслинки, пиперки и кромид.
Внимавајте рерната да биде добро загреана пред да ја ставите пицата. За тестото да биде готово, мора да се пече минимално 15 минути. На крај, додајте парчиња лимон (но ова е по избор).
Advertisement
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .