Реклама
MAMAРецепти

Вкусен сладолед со кондензирано млеко кој можете да го направите и самите (Рецепт)

Реклама

Поради својот млечен вкус, текстурата и многу едноставната подготовка, сладоледот со слатка павлака и кондензирано млеко е еден од најпоуларните домашни сладоледи.

ФОТО: reluctantentertainer.com

Потребни состојки:

  • 500 грама слатка павлака
  • Кондензирано млеко
  • Декорација по желба (ванила, овошје, какао, чоколадо, бонбони…)

Подготовката започнете ја со подготовка на шлаг од 500 грама слатка павлака, така што ќе мешате додека не добиете кремаста текстура. Потоа во неа додајте 500 грама засладено кондензирано млеко, па добро измешајте, притоа внимавајте мешањето да не трае предолго. Доколку не знаете од каде да купите кондензирано млеко, истото можете да го направите и самите. Вака подготвената смеса за сладолед, декорирајте ја по ваша желба.

Маркетинг

На пример, ставете бисквити, исечкани ореви, овошни плодови, меки бонбони, парчиња чоколадо, растопено чоколадо или какао. Некои овошја дури можете да ги комбинирате и со ѓумбир, свежо нане, а доколку сте љубители на едноставниот вкус, тогаш во смесата додајте само екстракт од ванила.

Сладоледот е подготвен за консумирање по околу 6 часа замрзнување.

Маркетинг

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button