Овој викенд бидете вредни и подгответе ги овие вкусни чоколадни топчиња.
Потребни состојки:
- 250 гр шеќер
- 1 чаша вода
- 125 грама путер
- 100 грама мелени ореви
- 100 грама мелени бискивити
- 80 грама чоколадо
- 2 лажички мелено кафе
Начин на подготовка: Измешајте шеќер и вода и ставете ги на оган, а кога ќе зоврие, варете три до четири минути, за да добиете сируп. Тргнете го од оган, потоа ставете путер и мешајте додека не се растопи. Потоа додајте ореви и бисквити, чоколадо и кафе, па сето тоа добро изедначете го. Оставете ја смесата да се олади, па обликувајте топкички. Кога ќе го завршите тоа, растопете чоколадо и масло, па едно по една топкичка мачкајте ја да добиете фина глазура, а потоа ставете ги на чинија за да се исцедат и оладат. Потоа можете да ги служите. АКо пак сакате подебел слој, додајте повеќе чоколадо за глазура.
Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .