Реклама
Нега и здравје

ВИТКИ ОДНАДВОР, ДЕБЕЛИ ОДВНАТРЕ: Oткријте во која ризична група припаѓате!

Реклама

Обично се мисли дека дебелината не е здрава, а виткоста симбол и доказ за здравје.

slabodebel1

Но, последните научни истражувања и опити на ова поле покажуваат дека постојат ’слаби дебели личности‘ на кои здравјето исто така им е загрозено. Добрата вест дека тоа е проблем кој што се решава.

Маркетинг

Службениот термин за воочен проблем кај слабо дебелите е метаболичка закана за нормалната телесна тежина. Во суштина, овие лица имаат премалку мускули и премногу (посебно околу стомакот), но тоа не можеме да го видиме само гледајќи ги. Изгледа дека е подобро да се биде дебел и во кондиција, отколку слаб, но без кондиција.

Имено, пристигна една шокантна вест, во склопот на оваа студија, објавена во Journal of the American Medical Association. А таа гласи дека една од четири личности се наоѓа на самиот раб на заболување на дијабетес и е метаболитички дебела. Освен тоа, кога ќе се дијагностицира дијабетес кај слаба личност, постои дупло поголем ризик од предвремена смрт.  Можеби затоа што дополнителните килограми поттикнуваат развој на останатите мускули, потребни за движење под тежина.

Маркетинг

slabodebel2

Слабо дебелите најчесто имаат лош режим на исхрана, уживаат во тестенините и лебот, сакаат да пијат газирани пијалоци, но се склони кон дебелеење. Но, доколку појдат на систематски преглед, нивото на холестерол и шеќер во крвта ќе им биде на загрижувачко скалило.

Начини на истражување кои ќе покажат дали спаѓате во оваа ризична група:- тест на шеќер во крвта или гликоза (нормално е помал од 90 mg/dl)- триглицериди (нормално се помалку од 100 mg/dl)- ХДЛ (добар холестерол, нормално повисок од 60 mg/dl)- Крвен притисок (нормално понизок од 120/80, идеално понизок од 115/75).

slabodebel4

Посебни тестови кои може да помогнат во откривањето на почетната фаза на дијабетес:

Тест на толеранција на инсулин (односно тест на толеранција на гликозата, но со дополнително мерење на инсулинот).

НМР тест за честици на липиди. (Овде се мери големината и бројот на честици на холестерол. Вкупно би требало да имате помалку од 1 000).

Лек за слабо дебелите:

Лек за слабо дебелите е исти како и за некој кој што има вишок на килограми. Всушност е многу едноставно.

Јадете храна со мали глихемиски вредности. Протеините од животинско потекло со ниско ниво на масти (пилешко, риба и јајца), ореви, семки, грав, зеленчук, овошје и мали количини на житарици без глутен.

Протеини. Започнете го денот со протеини и вклучете ги во секој оброк. Метаболизмот го забрзува, но и намалува гладот. Јајца, месо, ореви, семки, пилешко или риба.

Немојте да пиете калории! Заборавете на газирани напивки, сокови, засладени пијалоци и не пијте повеќе од три до четири чаши вино или алкохол неделно. Пијте го со сите оброци.

slabodebel3

Избегнувајте бело брашно. Дури и белото брашно од цели зрна делува како шеќер во телото. Замислете го сега дејството на белото брашно на метаболизмот.

Пазете се од полуготовите производи! Индустриската храна е полна со лажни состојки, вклучувајќи и МСГ (предизвикува глад, а на етикетата се крие под називот ’природни зачини‘), високофруктозна пченка, ваштачки бои и конзерванс.

Јадете вистински билки. Ако се го поминале процесот на индустриска преработка (зашеќерени, посолени, закиселени, многу конзерванс…), ’бегајте‘ што подалеку од нив, но доколку се штотуку набрани, најверојатно се во ред.

Добри масла. Јадете омега – 3 масти,  вклучувајќи гирици и див лосос, а избегнувајте рафинирани и необработени растителни масла, освен маслиновото.

Раздвижете се! И кардиолошките и обичните тренинзи се многу важни! Кардиото ја создава потребната кондиција и го подобрува метаболизмот, а тренингот ги гради мускулите.

Спиење. Несоницата го менува метаболизмот и ја зголемува желбата за јаглехидрати и шеќер. Спиењето е ’света работа‘ и затоа задолжително се ни потребни 7 до 8 часа спиење во текот на ноќта!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button