Ако сте едни од оние кои не сакаат да пијат вода, а сакате да уживате во освежителни пијалаци, тогаш ви прикажуваме еден рецепт за витаминска вода за која посебно ќе ви биде благодарен вашиот стомак.
Потребни состојки:
- 2 литри вода
- 1 мала лажица изрендан ѓумбир
- 1 краставица со средна големина
- 1 лимон
- 12 листови нане
Начин на подготовка:
Краставицата и лимонот исечете ги на мали кругчиња, а ако имате домашни производи за кои сте сигурни дека не се третирани со пестициди, пожелно е да ги користите со нивната лушпа. Откако ќе го направите ова, ставете ги во стаклен сад и додајте ги останатите состојки, па прелијте со вода. Водата ставете ја во фрижидер и оставете ја да стои најмалку 8 часа, па повремено лесно промешувајте ја.
Овие состојки имаат посебно благотворно делување на стомакот, затоа што го ослободуваат телото од насобраните токсини.
Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .