Овој сок е познат под името „ 17 на ден“ и претставува незаменлив сојузник во борбата против грипот, настинките и намалувањето на имунитетот.
Можеби ќе ви звучи чудно, но јапонската влада на пример им препорачува на своите граѓани секојдневно да јадат 17 порции овошје и зеленчук, додека повеќето други само 5.
Што е најинтересно, сите потребни витамини и минерали и хранливи состојки можат да ги испијат од една чаша, преку чудотворниот пијалок наречен „17 на ден“ кој го зајакнува имунитетот и го штити организмот од сезонски болести.
СОСТОЈКИ
1 јаболко, 1 круша, 1 свежа краставица (парче со големина од 2 цм.), ½ лимета, 1 ѓумбир (парче со големина од околу 1 цм), 1 шака свежи листови од спанаќ, ½ стебло од целер, ½ среден морков, 1 шака свеж кељ, ½ главица свежо цвекло, 1 парче ананас (со дебелина од околу 1 цм.), 1 стебло брокула (со големина од околу 1 цм.), 1 тиквичка (парче со големина од 1 цм.), 1 пашканат (парче со големина од 1 цм.), 1 коморача (големина 1 цм.), 1 парче црвена пиперка и 1 парче жолта пиперка.
ПОДГОТОВКА:
Овошјето и зеленчукот убаво измијте го, исчистете го и измиксајте го во блендер да добиете хомогена самеса. Сипете во чаша и по желба додадете неколку коцки мраз.
ЗОШТО СЕ ПИЕ?
Овој пијалак е волшебен бидејќисодржи витамини A, Б, Б1, Б2, Б3, Б6, Ц, E и K. Содржи бета каротен, калциум, железо, магнезиум, цинк, селен, натриум, фосфор, калиум, сулфор, бакар, хром и бор. Рецептот потекнува од земјата која има најголем број стари луѓе на светот!
КОЈ ТРЕБА ДА ГО ПИЕ?
Се препорачува да го пијат луѓето што закрепнуваат од грип и настинки, оние кои претерале со алкохол или благо, и секако, на сите оние кои сакаат во една чаша да ги внесат сите потребни хранливи материи во организмот.