Вистинско „локумче“ – Еве како изгледа новата атрактивна девојка на Јован Јованов (Фото)

Пејачот и продуцент Јован Јованов повторно го привлече вниманието на јавноста, откако сподели прва заедничка фотографија со својата девојка, пејачката Тијана Димова.
Снимката, направена на фестивалот „Макфест“, беше објавена на Инстаграм и набргу предизвика бројни реакции и коментари.

Јованов, кој веќе долги години живее во Торонто, откри дека со Тијана е во врска на далечина, но и покрај километарите кои ги делат, нивната љубов успешно трае. Таа често го посетува во Канада – токму таму го пречекаа и почетокот на 2025 година.

Двојката неодамна уживаше и на патување во Сингапур, а интересен детаљ е што фотографиите од тој престој ги споделија со еден месец разлика – Тијана во мај, а Јован во јуни.


Димова, позната по својот бенд „Трета смена“, активно настапува низ Македонија и е љубител на патувања. Минатата година настапи на „Макфест“ со песната „Сто пати“, а на социјалните мрежи често споделува моменти од различни делови на светот.
 
 



