Декември е последниот месец во годината и голем дел од личностите родени во овој месец се под влијание на хороскопскиот знак Стрелец, додека пак оние родени после 21 декември се под влијание на знакот Јарец. Доколку и вие сте родени во овој прекрасен месец, тогаш сте вистински среќник затоа што ве красат следниве карактеристики.
Оптимизам
Овие луѓе се многу весели личности кои имаат верба во животот. Нивниот ентузијазам и позитивна енергија мошне брзо се пренесува на луѓето околу нив и тие ја шират среќата каде и да се. Никогаш не ја губат насмевката, дури и во најтешките ситуации.
Дисциплинираност
Борбеноста и дисциплираноста се уште едно обележје на луѓето родени во декември, а нивната свесност ги разликува од останатите. Склони се кон рутини и сакаат работите да ги извршуваат по стандарден распоред, без разлика на тоа што се случува околу нив.
Лојалност
Не се лојални само во љубовта, туку и во пријателствата и сите останати врски кои ги градат низ животот. Секогаш остануваат до блиските, без разлика дали се добри или лоши времиња.
Духовитост
Луѓето родени во декември се познати и по тоа што се во состојба да ги расположат и најтмурните луѓе во околината. Тие се горди на оваа своја особина затоа што се свесни за неа, иако знаат да претераат со количината на сарказам.
Издржливост
Овие личности се многу издржливи и никогаш не ги предаваат своите сакани. Можат да издржат и во најтешките времиња, а ретко кој може да се спореди со нивната упорност.