Рецепти

Вистински ледени коцки

Реклама
Реклама

Ледените коцки се идеални за секоја пригода. Се подготвуваат брзо и едноставно, а имаат неодолив вкус.

Маркетинг

За нивната подготовка не ви се потребни никакви специјални состојки, така што можете да ги подготвите кога сакате. За поздрава варијанта можете да го замените белото брашно со интегрално, белиот шеќер со кафеав и ладно цедено масло по ваш избор, на пр. сончогледово.

Потребни состојки:

Кора
–    5 јајца
–    5 лажици шеќер
–    5 лажици брашно
–    1,5 лажица какао

Маркетинг

Сируп
–    250 гр. шеќер
–    350 мл. вода

Фил
–    500 мл. млеко плус 100 мл. за да се размати брашното и шеќерот
–    9 лажици шеќер
–    9 лажици брашно
–    250 гр. маргарин или путер
–    3 кесички ванилин шеќер

Прелив
–    100 гр. млечно чоколадо
–    3 лажици масло

Начин на приготвување

Изматете 5 јајца, 5 лажици шеќер и 5 лажици брашно, додадете 1,5 лажица какао. Ставете ја добиената смеса во подмачкана соодветна тава и печете на 200 степени околу 20 минути.
Направете го сирупот од 350 мл. вода и 250 гр. шеќер, ставете го на оган да зоврие и потоа оставете да се олади. Прелијте ја кората со оладениот сируп.
Сварете 500 мл. млеко со 3 лажици шеќер, а посебно во 100 мл. млеко растопете 6 лажици шеќер и 6 лажици брашно. Оваа смеса сипете ја во зовриеното млеко и варете 2-3 минути.
Изматете 250 гр. путер со 3 кесички ванилин шеќер и измешајте ја добиената смеса со претходно направениот крем од млеко.
Растопете 100 гр. млечно чоколадо со 3 лажици масло и прелијте го преку филот.
Ставете ја тавата во фрижидер да се излади. Кога ќе се излади исечете на коцки.
Во изладениот фил можете да додадете и овошје – јагоди, вишни, малини, или некое сушено овошје, по ваш вкус.

Извор: stipka.mk/ blog.neum-bih.com

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button