Интервју
COVER STORY

Вистинската чистота не почнува од улицата, туку од свеста на секој поединец – бизнис приказни со Лилјана Митрова

Во ова интервју со Лилјана зборуваме за предизвиците на современиот ПР, за проектите што го менуваат Кавадарци, за чистиот град, хуманиот пристап кон животните, за стилот, инспирациите, но и за малите лични ритуали што ѝ ја даваат силата да остане доследна и својствена, и во работата, и во животот.

Advertisement

Во ова динамично време, кога јавноста бара брзи и јасни одговори од институциите, улогата на професионалниот ПР е поважна од кога било. Во Кавадарци, градот кој со години останува пример за уреденост, развој и современо управување, токму таа улога ја носи Лилјана Митрова, дипломиран новинар и магистер по стратешки комуникации, убавото лице на Општина Кавадарци.

Таа е врската меѓу Општината и граѓаните, гласот што ги носи информациите јасно и навремено, успешно го спојува институционалниот тон со топлината што ја сака секој граѓанин, покажувајќи дека комуникацијата не е само работа, туку служба и одговорност.

Advertisement

Во ова интервју за гламур.мк со Лилјана зборуваме за предизвиците на современиот ПР, за проектите што го менуваат Кавадарци, за чистиот град, хуманиот пристап кон животните, за стилот, инспирациите, но и за малите лични ритуали што ѝ ја даваат силата да остане доследна и својствена, и во работата, и во животот.

Новинарството ме научи да прашувам и да барам одговори, а комуникациите како тие одговори да ги претставам разбирливо и искрено, фото-приватна архива

Вие сте дипломиран новинар и магистер по стратешки комуникации, колку Ви помогна оваа комбинација на образование и искуство во создавањето транспарентна и ефективна комуникација меѓу Општина Кавадарци и граѓаните? Кои се најголеми предизвици во оваа професија?

– Комбинацијата на новинарството и стратегиски комуникации ми помогна да ја гледам работата од две страни – од онаа на граѓанинот и од онаа на институцијата. Новинарството ме научи да прашувам и да барам одговори, а комуникациите како тие одговори да ги претставам разбирливо и искрено. Најголем предизвик денес е да останеш професионален, а сепак човечки близок, да не дозволиш информацијата да биде само форма, туку вистинска содржина.

Кавадарци е препознатлив по динамичен развој и отвореност кон нови проекти. Кои се најзначајните иницијативи во кои сте лично вклучени и што најмногу Ве исполнува во Вашата работа?

– Најисполнета се чувствувам кога проектите што ги подготвуваме стануваат реалност и кога гледам дека нешто навистина се менува во градот. Особено ми значат иницијативите што носат подобар живот за луѓето, било да се работи за уредување на јавни површини, поддршка на културата или подобра комуникација со граѓаните.

фото-приватна архива

Најубавото чувство е кога ќе видиш насмевка и кога некој ќе ти кажат „фала, убаво направивте“.

Современата јавна комуникација бара брза реакција, но и стратегија. Како успевате да го одржите балансот помеѓу транспарентноста, професионалноста и човечката страна на институционалните пораки?

– Денес сѐ се случува брзо, па треба да реагираш навреме, но без да изгубиш мера. Балансот го наоѓам во искреноста, секогаш настојувам да кажеме сѐ што треба, без прикривање, но и без непотребен драматизам. Луѓето сакаат да знаат дека зад секоја објава стои човек, не само институција.

Кавадарци е пример за чист и уреден град. Како Општината успева беспрекорно да се справува со отпадот и дали имате стратегија за подигање на јавната свест кај граѓаните за одржување на чиста околина?

– Кавадарци отсекогаш важел за уреден град, а тоа не е случајно. Има силна посветеност и од Комуналец, но и од граѓаните.

Постојано се работи на подобрување на системот за отпад, чистење и одржување, но и на едукација. Вистинската чистота не почнува од улицата, туку од свеста на секој поединец.

Еден од предизвиците на локално ниво се бездомните кучиња. Какви се активностите на Општина Кавадарци за хуман третман и како трајно го решивте овој проблем, имајќи предвид дека условите се различни од оние во Скопје?

– Прашањето со бездомните кучиња е чувствително и бара хуман пристап. Општината веќе спроведува активности за нивно згрижување, стерилизација и контрола на бројот. Целта е трајно решение, не моментна реакција. Многу помага и соработката со здруженијата и граѓаните кои разбираат дека ова е заедничка одговорност.

Прашањето со бездомните кучиња е чувствително и бара хуман пристап. Фото-приватна архива

Во јавните настапи и средби, надворешниот изглед е дел од имиџот на институцијата. Колку внимание обрнувате на деловниот стил и што, според Вас, значи „професионален изглед“ во јавната администрација денес?

– Верувам дека професионалниот изглед не значи скапа облека, туку чист, достоинствен и уреден настап.

Кога работиш во јавна институција, ти ја претставуваш и неа, па треба да изгледаш како што и работата заслужува… едноставно, уредно и со вкус.

Како го градите Вашиот стил, дали повеќе се водите од трендовите или од професионалниот контекст и личната автентичност?

– Најмногу се водам од тоа што ми прилега и што ме претставува како личност. Не трчам по трендови, повеќе по чувство. Важно ми е да се чувствувам удобно и природно, затоа што вистинскиот стил е оној што доаѓа одвнатре.

Како изгледа Ваш момент на исклучување, што Ве релаксира, каква музика слушате, што моментно читате и што Ви носи мир и енергија да продолжите напред?

– Најмногу ме релаксира природата, зајдисонцето и времето поминато со блиските. Понекогаш само тивка вечер со музика или добра книга ми е доволна за да наполнам батерии. Слушам најразлична музика – од стара добра македонска, до понежни мелодии што ми носат мир. Во тие мали моменти на тишина наоѓам сила за нов ден.

фото приватна архива

Имате ли мисла или цитат што го носите при срце и кој Ве води при клучните одлуки во кариерата и во животот?

– Имам една мисла што често си ја повторувам: „Се што правиш, прави го со срце.“ Без разлика дали е голем проект или мала објава, ако вложиш љубов и искреност, тоа секогаш се чувствува. Тоа е моето водство и во работата, и во животот.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button