Реклама
MAMAКафе муабет

Вистинска среќа е да знаете да го одржувате детето во себе

Реклама

Кога бевме деца, мечтаевме да пораснеме што побргу, верувајќи дека тогаш животот е поинтересн. Но, тогаш кога од топлото и безгрижно детство зачекоривме во светот на возрасните, сфативме колку ни било убаво додека сме биле мали.

ФОТО: videohive.net

Децата се мали личности кои ги гледаат убавините во оние работи во кои ние возрасните и речиси сме ги заборавиле. Детската насмевка носи искреност, нежност и невиност. Затоа, прифатете го детето во себе, цврсто прегрнете го и дозволете му да ве води секаде. Бидете сигурни дека никогаш нема да ве предаде. Негувајте го детето во вас како најнежно цвеќе. Сакајте го со сето свое срце. Чувајте го како капка вода на дланка. Прифатете ги неговите желби и мисли и тогаш ќе се случи чудото.

Децата секогаш се искрени и отворени. Тие не се оптеретуваат со баналности. Радувајте се на малите работи, зашто во нив лежи вистинската среќа. Нема да бидете несериозни личности ако си дозволите себеси понекогаш малку да „полудите“. Правете го она што ве опушта и ве прави среќни. Не дозволувајте тоа што сте возрасни да ве спречи да уживате во вистинските радости.

Маркетинг

Ако некогаш ви се скока – скокајте. Ако ви се игра – играјте, танцувајте! Чувајте го детето во душата и заиграјте со него, со чисто срце и искрена насмевка.

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button