Препораки

Вистинска приказна: „Предвреме родените деца не се обични, тие веќе еднаш ја добиле најголемата битка – битката за живот”

Advertisement

Тивките ходници на интензивна нега ја сведочат кревката надеж што трепери на лицата на родителите на предвремено родените деца. Надеж, која и покрај својата нежност, опстојува – затоа што овие мали борци ги учат сите околу себе дека чудата несекогаш се случуваат одеднаш. Чекор по чекор, ден по ден, предвреме родените деца се најубавиот и најубедливиот доказ дека животот секогаш вреди да се избере, дури и кога почетокот е тежок.

Во пресрет на 17 ноември, серијалот посветен на подигнување на јавната свест за предвременото породување и предизвиците со кои се соочуваат семејствата и медицинските тимови продолжува со второ интервју, во организација на ЛУЛКА – Здружение за грижа и едукација на бремените жени, мајки и деца. Овој пат, својата приказна ја споделува семејството на Александра и Мики, во кое секој здив е победа, а секој нов ден е чудо.

Advertisement

Со срце како челик, двајцата родители се соочуваат со губење на едно од двете предвремено родени бебиња. Во болката, надежта станува нивна светлина. По неколку години, животот им носи второ чудо – уште две предвремено родени бебиња. Денес, трите мали победници го исполнуваат домот на Мики и Александра со неизмерна љубов – извор на сила што ги држи сплотени и посветени еден на друг.

Тие ја споделија својата приказна поврзана со предвременото породување, која истовремено е предизвикувачка, но и инспиративна, раскажувајќи за искуството и трепетот додека го гледале своето бебе во инкубатор, како и за разликата помеѓу првото и второто предвремено породување.

„По подолг период на забременување и по инвитро постапка, конечно станавме среќен пар кој со нетрпение ги очекува своите деца близнаци. Првиот голем стрес беше пукањето на водењакот и дилемата околу изборот на болница, а дополнително, поради епидемијата на морбили немаше посети во болницата. За жал, по само шест дена, едното близначе ја загуби битката, што ни предизвика огромна болка. Ни остана мешавина од емоции на страв, грижа, возбуда, тага, но и среќа додека го гледавме нашето преживеано бебе. Со многу молитви и надеж, тоа бебе го донесовме дома живо и здраво. Со втората бременост веќе бевме многу поподготвени. Имавме подобра организација околу потребната опрема и грижата за бебињата. Посебно сме благодарни на д-р Денис, д-р Рената, д-р Марија и целиот персонал на Одделението за интензивна неонатална нега и терапија при Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство – Скопје. Нивната искрена грижа и човечност ни помогна да го завршиме патот со најубав можен исход – ги донесовме дома двете бебиња, кои денес растат како активни и радосни деца”, отворено ја раскажуваат својата животна приказна Александра и Мики.

Овие храбрите родители го чествуваат 17 ноември како ден на своите три мали витези – вистински херои уште од првата искра на животот. Денот е потсетник за нивната и силата и сплотеноста на родителите и медицинските работници во заедничката борба за подобро утре.

Линк до интервјуто:

Линк до интервјуто тука >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button