Високи штикли и црна проѕирна тантела – Андријана Јаневска во суперсекси издание за роденденот
Музичарката Андријана Јаневска денес го слави својот 43 роденден. Своите следбеници на социјалните мрежи (а бројни се) ги почести со роденденска фотографија.
Андријана позира во црна модна комбинација која ја истакнува нејзината убава фигура. Макси фустанот од тантела е доволно проѕирен да открива, но и да остави нешто на фантазијата, ременот ѝ го нагласува струкот, обетките се предимензионирани, а изгледот е заокружен со црни салонки на висока потпетица.
Потсетуваме, Андријана не е само пејачка, туку е доктор на науки и професорка, и одличен познавач на мото-спортот кој го практикува. Накусо, жена за сите времиња.
Неодамна, Андријана сподели на социјалните мрежи дека потпишала договор со една од најголемите компании за игри во светот – Ворнер Брос гејмс ( Warner Bros. Games), со што придонесува за видливост на гејминг културата во Македонија.