Високи потпетици и рамни обувки за модерни деловни дами
Девојки во шик обувки го освојуваат светот!

И покрај тоа што сите се фокусираат на облеката кога се деловните комбинации во прашање, и обувките исто така имаат големо влијание на целосната слика и впечатокот кој го оставаме. Денес секако дека нема да зборуваме за квалитетот и за начинот на одржување, туку ќе се позанимаваме со моделите кои се совршен избор за деловните жени.

Тие претставуваат безвременски парчиња кои можете да ги носите во сите пригоди – од кежуал дневни изданија, се до состаноци и интервјуа, а токму затоа се погодни и за сите зафатени дами кои секојдневно имаат голем број обврски. Овие модели можете да ги носите и со панталони и фармерки и со нив ќе изгледате многу попријатно, поженствено и поелегантно, а што се однесува до боите и дезените, можете да изберете и впечатливи дезени, но тогаш задолжително внимавајте со останатите парчиња од вашиот стајлинг.

Па ако сакате да видите и другите модели кои би можеле да ги носите на работното место, кликнете тука или отворете ја галеријата што следува.
| види повеќе » |




