Нега и здравје

Вирусите ќе бегаат од вас – јадете ги овие намирници и нема да „легнете“ болни

Одредена храна содржи природни својства за заштита од вуруси.

Advertisement

Во есенскиот период, бројни фактори негативно влијаат на нашиот имунолошки систем. За да го зајакнеме имунитетот, се препорачува да обрнеме особено внимание на исхраната, здравиот сон и физичката активност. Ви претставуваме 10 корисни намирници за јакнење на имунитетот и заштита од вируси.

Кисела зелка

Оваа храна содржи вредна корисна флора, поточно заедница на пријателски микроорганизми и млечна киселина кои го обновуваат цревниот систем. Токму таму се наоѓа 90% од лимфното ткиво, основата на нашиот имунитет.

Advertisement

Влакната делуваат како „четка“ што ги чисти токсините од цревата. Органските киселини ја поттикнуваат здравата микрофлора, која ги спречува вирусите и другите патогени, и истовремено се борат против слободните радикали.

Бозел, црн бозел

Поседува имунопротективни својства благодарение на големото количество антиоксиданси, етерични масла, рутин и органски киселини (валеријанска, оцетна и јаболкова).

И плодовите и цветовите на бозелот се користат во народната медицина со векови, а денес постојат бројни додатоци во аптеките направени токму од бозел – сирупи, таблети и екстракти.

Advertisement

Киви

Не само што содржи витамин Ц и органски киселини со антивирусно дејство, туку и многу други корисни материи.

Комбуха

Како и киселата зелка, содржи богат спектар на органски киселини и корисни бактерии што го зајакнуваат имунитетот и директно се борат против патогените.

комбуха, пекселс

Важно е пијалокот целосно да ферментира, за шеќерот во него целосно да се разгради.

Кромид и лук

Тие можат да се борат со вирусите дури и „по воздушно-капков пат“.

Нивниот остар мирис доаѓа од фитонцидите – активни соединенија со силно антивирусно, антибактериско и антимикотично дејство.

пекселс

Лута пиперка

Содржи капсаицин, кој ја поттикнува циркулацијата, ја разредува слузта во дишните патишта и ја отстранува од белите дробови. Исто така, има директно антибактериско и антивирусно дејство.

Печурки шитаке

Во современата кујна овие „странски“ печурки се ценети не само по вкусот, туку и по нивното антимикробно, имуностимулативно и противвоспалително дејство. Често се користат и во алтернативната онкологија.

Сланина (сало)

Ја поттикнува работата на жолчката, а жолчката има антибактериско и антивирусно дејство, се бори со паразити и помага во апсорпција на масти и витамини растворливи во масти.

Без витамин Д и здрави клеточни мембрани нема силен имунитет, затоа регулирајте ја функцијата на жолчката за подобро здравје.

пекселс

Ѓумбир

Сиров или сушен, ѓумбирот е одлично средство против вируси. Фитонцидите и етеричните масла во него делуваат против широк спектар вируси и бактерии и ја зајакнуваат природната одбрана на телото.

Црна ротква

Сокот од црна ротквица го поддржува имунитетот благодарение на витамините, минералите, аминокиселините, гликозидите, лизозимот и фитонцидите.

Наместо класичниот рецепт со мед, пробајте ја со масло и лимонов сок или јаболков оцет, комбинација што дополнително ја поттикнува отпорноста на организмот.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

New Ad
Back to top button