Реклама
Престиж

Се продава луксузната вила на Памела Андерсон во Малибу, Калифорнија

Реклама

Погледнете го имотот на Памела Андерсон во Малибу, Калифорнија кој таа се обидува да го продаде веќе две години.

Маркетинг

Имотот на атрактивната 46-годишна холивудска ѕвезда вреди околу 8 милиони долари, а се додека не се продаде, тој се изнајмува за 75.000 долари месечно.

Памела го купи овој имот при крајот на 90-те години, а во него живееше со нејзините синови Дилан и Брендон, чиј татко е нејзиниот поранешен сопруг Томи Ли.

Маркетинг

Станува збор за раскошен имот од над 250 метри квадратни, три бањи, дневна соба со едноставен но луксузен ентериер и трпезарија со раскошен декор. Во куќата има и домашно кино, базен, сауна, неколку камини и клавир.

Куќата е дело на архитектот Филип Верток, додека ентериерот е на Џош Крисантау и на самата Памела Андерсон.

Извор: bravacasa.rs

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

препорака
Close
Back to top button