FashionСтил
COVER STORY

„Викторијас сикрет“ спектакуларно го врати стариот сјај – заводливост, гламур и најзгодните жени во светот

По годините на пауза и обиди за „поприроден“ имиџ, брендот повторно се врати на својата препознатлива естетика - смелост и еротика.

Advertisement

По неуспешниот камбек кој се случи пред само неколку години, светски познатата марка за долна облека Викторијас сикрет (Victoria’s Secret) направи втор, многу посериозна обид да го врати своето некогашно влијание. Во Њујорк се одржа модна ревија со која брендот симболично се врати кон своето оригинално ДНК – заводливост, гламур и спектакл.

принтскрин јутјуб

Зад сцената: поголем ефект од самото шоу

Публиката пред ревијата беше загреана со серија видеа и фотографии од супермодели, фотосеии од снимања и подготовки, објавувани на социјалните мрежи.

Advertisement

Задкулисните моменти, снимени во препознатлив розов амбиент, дури и ги надминаа очекувањата, многумина сметаат дека зад сцената било повозбудливо од самиот настап на пистата.

принтскрин јутјуб

На розовиот тепих, бројот на познати гости беше нешто поскромен. Сепак, тука беа актерот Коул Спроус, кој ја поддржа преубавата Барбара Палвин, легендарната супермоделка Хелена Кристенсен, актерката Клои Севињи, Патрик Шварценегер, чија сопруга Еби Чемпион чекореше на пистата, како и Сара Џесика Паркер и ѕвездата-стилист Лоу Роуч, кој водеше интервјуа во живо со гостите.

Сестрите Хадид – ѕвезди на вечерта

Големо изненадување на ревијата беше појавувањето на двете сестри Џиџи и Бела Хадид, кои ретко се појавуваат на модни писти во последно време.

Advertisement

 

View this post on Instagram

 

A post shared by tía mar4k ⭑ (@tiamarak_)

Бела, која неодамна се бореше со рецидив на Лајмска болест, се врати посилна од кога било и дури го затвори шоуто со големи, тешки крилја на себе, како потсетник на златното време на „ангелите“.

Враќањето на легендите

Публиката беше воодушевена кога повторно на пистата ги виде супермоделките Алесандра Амбросио, Даутцен Крус, Кендис Сванепул, Ирина Шајк, Адријана Лима и Лу Вен.

Особено внимание предизвика Жасмин Тукс, која настапи бремена и со тоа испиша историја како втора темнокожа манекенка што ја отвора ревијата на брендот, првата беше Наоми Кемпбел во 1994 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marie Claire (@marieclairemag)

Ново лице на разновидноста

За да покаже дека се прилагодува на современите вредности, Victoria’s Secret ги вклучи и плус-сајз моделката Ешли Греам, актерката Барби Фереира и неколку спортистки – кошаркарката Ејнџел Рис и олимписката шампионка Суниса Ли, кои ја воодушевија публиката со самоуверениот настап.

принтскрин јутјуб

Музика и енергија

На ревијата настапија Медисон Бир, која и самата подоцна прошета по пистата, јужнокорејската група TWICE, пејачката Карол Џи и хип-хоп легендата Missy Elliott, која ја претвори сцената во вистински танц подиум.

Сексуалноста се враќа

По годините на пауза и обиди за „поприроден“ имиџ, брендот повторно се врати на својата препознатлива естетика – смелост и еротика. Манекенките дефилираа во впечатливи и провокативни парчиња долна облека, а Алесандра Амбросио и Амелија Греј беа меѓу најкоментираните заради своите суперсмели изгледи.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама
New Ad
Back to top button