„Викторијас сикрет“ ја одби зашто има рак – потресно писмо на Бјанка Балти што ја расплака модната индустрија
„Не сум веќе најмладата, но сум силна, жива и сè уште секси“, со овие зборови италијанската манекенка Бјанка Балти стана гласот на жените кои преживеале рак, откако беше одбиена од брендот „Викторијас сикрет“.

По шестгодишна пауза, познатата модна ревија на брендот Викторијас сикрет се врати на сцената во Бруклин. Но, блесокот на шоуто избледе поради отвореното писмо на Балти, која сакала да прошета по пистата во име на сите жени што се борат со ракот. Нејзината желба била одбиена.

Болеста и борбата
Во 2024 година, Бјанка дозна дека боледува од рак на јајниците во трета фаза, по превентивна мастектомија што ја направила во декември 2022 година.
Генетскиот тест покажа дека е носителка на мутацијата BRCA1, која го зголемува ризикот од рак на дојка и јајници.
„Ми беше страв. Не знаев што ќе значи тоа за мојот изглед или кариера, но знаев дека морам да го направам. Мојата тетка почина млада од рак на дојка и јас сакав да живеам – заради себе, но и заради моите ќерки.“

По неколку месеци ѝ беше дијагностициран напреднат рак на јајници. Следуваа итна операција и циклуси на хемотерапија. Сето тоа време Бјанка отворено ја споделуваше својата борба на социјалните мрежи фотографии од болница, видеа од третманите и моменти полни со емоции.
Advertisement
Еден од најсилните моменти беше нејзиното појавување на фестивалот „Санремо“ без перика, гордо покажувајќи ги своите лузни и новиот изглед.

Писмото до „Викторијас сикрет“
Во отвореното писмо објавено на нејзиниот блог, таа напиша:
„Пред неколку дена направив нешто храбро – ѝ се обратив на ‘Викторија’с сикрет’ со желба да бидам дел од ревијата. Помислив, што имам да изгубам? За време на животот најмногу жалиме за шансите што не сме ги искористиле.“
Во писмото, таа ја пофали новата насока на брендот, промовирањето на разновидност и инклузија, но праша зошто во таа „новост“ не се вклучени и жените кои преживеале рак.
„Една од три жени ќе се соочи со рак во текот на животот. Јас сум една од нив. Мојата приказна инспирира многу жени да се прифатат, да ја најдат својата сила, да го прифатат телото и лузните. Би сакала да бидам таму, не за да докажам нешто за себе, туку за да покажам дека убавината не завршува со дијагнозата.“
„Горда сум на моите лузни“
„Не сум веќе млада, можеби не сум во најдобра форма, но сум силна, жива и сè уште секси. Моите лузни се доказ за живот, не за слабост. Мојото појавување на пистата би било симбол на надеж, дека животот продолжува, дека жената останува целосна, убава и недопирлива.“

Шокантен одговор на брендот
„Викторија’с сикрет“ ѝ одговорила љубезно, дека кастингот е веќе завршен и дека не е можно учество оваа година. Бјанка вели дека го прифатила тоа со разбирање:
„Не го сфатив лично. Јас само сакав да покажам дека зад секоја жена со рак стои храброст, љубов и верба во животот. Жените како нас не се само пациенти, ние сме мајки, сестри, ќерки и клиенти. И заслужуваме да бидеме видени.“
Со својата исповед, Бјанка Балти остави силна порака до целиот моден свет: вистинската убавина не е во совршеното тело, туку во преживеаната приказна!