Наши ѕвезди

Позната македонска водитeлка ги збудали мажите – не ја интересираат хејтери, изгледа неверојатно

Не ја интересира што мислат хејтерите за неа, нивните коментари не ги ни чита

Advertisement

Шармантната водителка Викторија Петровска често споделува фотографии на социјалните мрежи.

Викторија само на Инстаграм има преку 120.000 фанови, а нејзините објави секогаш привлекуваат внимание.

Advertisement

Тоа беше така и со нејзината последна објава кога позираше во ултра кусо здолниште со кое никого не остави рамнодушен.

Инстаграм/ Викторија Петровска

Фотографиите се направени за време на нејзината посета на Тоскана, а во фокусот беа нејзините нозе во минијатурната, асиметрична креација, но и раскошното деколте во тесната црна блуска.

Advertisement

Викторија целото издание го зачини со темни очила и шик црни штикли со нитни кои одлично ги вклопи со останатите детали.

Инстаграм/ Викторија Петровска

Таа сподели неколку снимки во ова издание и го запали Инстаграм, за што сведочат и илјадниците лајкови и коментари.

Инстаграм/ Викторија Петровска

Хејтерите ги игнорира

Инаку, Викторија покрај тоа што редовно добива бројни комплименти на сметка на својот изглед, како јавна личност, но и како млада дама која е поприлично активна на социјалните мрежи, таа често се соочува и со хејт коментари од страна на поединци. И токму на оваа тема неодамна поразговаравме со неа во новата емисија Кафе Муабет на Гламур каналот на Јутуб, која отворено го изнесе своето мислење во врска со оваа тема, истакнувајќи дека грди коментари ќе има секогаш, но и дека истите треба да се игнорираат, а само конструктивните да се прифатат.

Инстаграм/ Викторија Петровска

„Никогаш нема да го заборавам, еден совет, ете јас така ќе го наречам, на еден мој повозрасен колега, кога почнав да работам во телевизија… Нели тогаш кога си млад, и кога почнуваш со нешто ново, тогаш луѓето се најмногу желни да те видат, да те искоментираат, како изгледаш првично, а потоа и како делуваш и како звучиш,.. И колегата ми кажа, ако не си спремна за негатива и негативни коментари да си одиш дома и да си седиш таму“, вели Викторија во видеото.

Инстаграм/ Викторија Петровска

„Тоа некако си го сфатив здраво за готово и си реков дека ќе има и такви кои ќе го сфатат негативно сето она што ќе го правиш, а ќе има и такви кои што ќе ти бидат поддршка“, вели Викторија во Кафе муабети.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Викторија Петровска (@viktorijapetrovskaa)

„Повеќе сум за оние конструктивни критики, ако има што да кажеш, нека биде тоа барем конструктивно и во насока да се подобриш, а оние, баш, баш негативните, не ги ни читам, ги игнорирам. Мајка ми знае да ги прочита, па да ми ги препрати, меѓутоа јас денес сум изграден човек што има самодоверба и некако не ми влијае тоа толку лошо“, сподели водителката во интервјуто за Гламур

Целото интервју со Викторија погледнете го во продолжение…

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

New Ad
Back to top button