Реклама
Холивуд

Познатата Британка ни одржа лекција како да носиме рамни сандали – комбинација што вреди да ја копираме ова лето!

Реклама

Познатата британска дизајнерка Викторија Бекам и мајка на четири деца неодамна ја прослави 19 годишнината од бракот на романтична вечера во Париз со сопругот Дејвид.

Беспрекорно дотерана, впрочем како и секогаш, Вики се прошета во совршено летно издание кое преставува спој на лежерна кошула со подвиткани ракави на тренди начин и макси здолниште кое во последно време е хит меѓу познатите трендсетерки, од нејзината последна колекција.

Маркетинг

Иако најчесто ја гледаме во опасни високи потпетици, овој пат Викторија носеше удобни бели рамни „hiker“ сандали од познатата француска модна куќа „Celine“.

Маркетинг

Целото издание го заокружи со очила за сонце, плико чанта со нејзин потпис, златен часовник и „несредена“ боб фризура.

Фотографиите од романтичната вечера во Париз, Викторија и Дејвид ги споделија на социјалните мрежи демантирајќи ги уште еднаш последните гласини дека нивниот брак е во криза и дека наводно се разведуваат.

https://www.instagram.com/p/Bkwp6cPlBJ1/?taken-by=victoriabeckham

https://www.instagram.com/p/Bk0xWwEBq3R/?hl=en&taken-by=davidbeckham

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button