Како интернационална стилска икона, Викторија Бекам зад себе веќе има неколку насловни на Вог, но оваа последната е сосема поинаква од сите останати.
По повод 10-годишнината од нејзиниот истоимен моден бренд, на дизајнерката ѝ припадна честта да биде прва ѕвезда на новиот број на австралиската верзија на Вог, во кој се појави во едно невообичаено издание.
Маркетинг
Викторија за насловната позираше во градник во боја на кожата, бордо здолниште со ремен високо на струкот и виолетови волнени ракавици без прсти.
Маркетинг
Освен што изненади со аутфитот затоа што вообичаено негува елегантен деловен стил, својот вообичаен кармин го замени со црвен кој го трансформираше нејзиниот изглед, додека останатата шминка беше во неутрални земјени тонови.
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .