Одлична модна лекција што ја научивме од Викторија Бекам – за добар стил потребни ви е само еден пар добри фармерки!
Викторија едноставно не може да погреши!
Фармерките и покрај тоа што потекнуваат од машкиот гардеробер се нешто во кое што и претставничките на понежниот пол изгледаат одлично. Можете да ги купите во речиси секоја продавница, а ако најдете добар модел кој ви стои убаво (што е најважно, нели?), навистина не ви треба ништо друго освен добра кошула или маица со дезен и патики или високи потпетици. Тоа можеме да го видиме и од Викторија која најчесто ги фура со бела маица со поширок крој или со ролка со која визуелно ја намалува фигурата, а ја нагласува половината. Фармерките со ¾ должина можете да ги носите со мокасини и обична маица, а според Викторија – во комбинација со кошула и шик високи потпетици.
Па, погледнете ги овие неколку комбинации на познатата британска дизајнерка и пробајте некој од нејзините генијални модни трикови…
Па, ако сакате да ги видите и најдобрите модели на фармерки од неколку познати брендови во Македонија, отворете ја галеријата што следува …
види повеќе » |