Вики откри што се случувало по скандалот со пејачот од Македонија – и Цеца се огласи, беше нервозна
Вики го коментираше скандалот со Темелков

Вчера беше финалето на „Ѕвездите на Гранд“, победи Никола од Македонија од тимот на Светлана Цеца Ражнатовиќ…
Во финалето од „Ѕвездите на Гранд“, Вики Миљковиќ прозборе и за скандалот што и се случи деновиве со пејач од Македонија.
Имено, таа беше обвинета од страна на својот поранешен кандидат, Александар Темелков, дека, наводно, му барала мито од 20.000 евра за да продолжи да се натпреварува во шоуто, па популарната пејачка сега откри што навистина се случувало.
Принтскрин/ Јутуб, Блиц ТВ
И како што вели пејачката за медиумите, сé во врска со овој случај му го кажала на својот адвокат, а така ќе биде и во иднина, доколку некој се осмели да го валка со невистини нејзиното име.
Жал ми е за него, дојде во Белград…
„Темелков силно го поддржував во натпреварот, водев сметка за него додека беше кај нас. Се трудев секогаш да има обезбедено што да јаде каде ќе спие, како ќе дојде… Ние сме такви за сите кандидати“, изјави пејачката мислејќи на себе и на нејзиниот сопруг Ташке.
Принтскрин/ Јутуб, Блиц ТВ
„Тој сега по се што се случи се извини и повеќе не би зборувала на оваа тема“, изјави Вики за медиумите, пренесе Блиц.
Принтскрин/ Јутуб, Блиц ТВ
Вики исто така додаде и дека не се потресла многу заради овие обвинувања бидејќи вистината е сосем поинаква.
„Не ми беше нешто многу криво, бидејќи јас знам што е вистината. Тој сакаше да предизвика некоја сензација. Тој истата вечер дојде во Белград и бараше да се види со мене и Ташке. Ни се извини нам лично и ја сними изјавата. И повторно ми е жал за него. Му посакувам сé најдобро“, истакна поранешната менторка на Александар Темелков во интервјуто што го даде за „Блиц“ пред финалето во „Ѕвездите на Гранд“.
Таа исто така додаде и дека ја повлекла тужбата, а се огласи и Цеца која исто така се осврна на непријатната ситуација.
„Тоа што го доживееја Снежана и Виолета навистина е голема срамота“, изјави Цеца и додаде дека тоа е голема лага и срам за оние што тоа си го дозволија.
Принтскрин/ Јутуб, Блиц ТВ
Потсетуваме, целата драма настана кога Александар Темелков, кој порано се натпреваруваше во „Ѕвездите на Гранд“, ја обвини неговата поранешна менторка, дека му барала мито од 20.000 евра.
Инстаграм/ Александар Темелков
По скандалот и Темелков и Давидовски ѝ се извинија на пејачката, а можеа да се соочат со тужба од 200.000 евра.
Повеќе за ова прочитајте тука.