Нашиот предлог за денешниот ручек е тестенини со зеленчук во кој веруваме дека ќе уживате.
ФОТО: bettycrocker.com
Потребни состојки:
300 грама тестенини по избор
една конзерва црвен грав
200 грама сок од домати
едно чешне лук
малку целер
помала тиквичка
сол, бибер
свеж или сушен босилек
Начин на подготовка: Исечкајте го лукот и запржете го на маслиново масло, па додајте исечкан целер и тиквичка. Динстајте. Пред крај ставете го сокот од домати и гравот, зачинете по желба и оставете малку да вари. Сварените тестенини прелијте ги со довиената смеса и декорирајте по желба.
Advertisement
Совет плус за тестенините: За да сварите совршени тестенини, водата мора да зоврие, затоа што скробот кој го содржат тестенините се испушта во првите неколку минути варење. Затоа, почекајте водата да зоврие, за да не ви се лепат тестенините. Имајте на ум дека тестенините треба да ги варите во големо тенџере за да имаат доволно место.
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .