Викенд хороскоп – овие знаци ќе скокаат од среќа, а овие горко ќе заплачат
На 2 и 3 август планетарните влијанија носат силни пресврти - радосни вести за некои, тешки одлуки за други.

Викендот пред нас, 2 и 3 август, ќе биде обоен со силни емоции и интензивни пресврти, под влијание на неколку важни астролошки аспекти. Венера во Девица ги испробува нашите емоционални вредности и потребата за стабилност, додека Месечината минува низ знакот на Шкорпија и потоа влегува во Стрелец, носејќи длабоки чувства, но и моментална експанзија.
Марс, пак, останува во Близнаци, каде што внесува брзина, комуникациски вжештени моменти и потреба за рационално донесување одлуки.
Неодлучноста, но и искреноста, ќе бидат главни теми овој викенд, особено во личните односи.
Некои ќе почувствуваат олеснување и љубовна радост каква одамна не доживеале, а други ќе се соочат со реалноста што ја одложувале.
Три хороскопски знаци ќе имаат викенд кој ќе го паметат по вистинска еуфорија и по блескавата среќа, додека за други три – викендот ќе биде вистински тест на трпение и зрелост.
Знаци што ќе скокаат од среќа:
Лав
Викендот носи блескаво сценарио за Лавовите. Ќе добиете признание или понуда што долго ја посакувавте, особено на полето на работа или на креативноста. Некој ќе ви покаже колку му значите, а можно е и љубовно изненадување. „Не сум навикнат/а да добивам толку внимание одедна, но ова ми годи“, ќе си помислите со насмевка.
Стрелец
Со Месечината во вашиот знак во недела, сè ви оди од рака. Ќе почувствувате слобода, енергија и повик за авантура. Идеално време е за патување, излет или романтично бегство. Ќе бидете опкружени со луѓе што ве разбираат, а тоа за вас е вредно злато. Голема судбинска љубов е на повидок, затоа отворете ги ширум очите и даде те им предност на новите познанства.
Бик
Венера во пријателска Девица ви носи стабилност и радост во домот и во љубовниот живот. Конечно ќе се договорите нешто што подолго време го одложувавте – а можен е и неочекуван гест од некој близок. Финансиски, се отвора нова можност! „Чувството дека нешто ми се средува не е лажно. Навистина ми оди“, ќе си кажете. И навистина се ќе ви оди од рака, а вие ќе посакате од радост да скокате до небо.
Знаци под емоционален притисок:
Рак
Месечината ве тера да нурнете длабоко во сопствените стравови и сомнежи. Можно е откритие во семејството или љубовен разговор што че ве потресе. Промените се нужни, но не мора да бидат болни. Пуштете ги чувствата и не бегајте од вистината.
Вага
Со Марс во напната позиција, ќе бидете исцрпени од обиди да одржите рамнотежа меѓу работа, партнер и лични потреби. „Се чувствувам како да сум во центарот на бура што не ја предизвикав“, ќе си речете. Но не очајувајте, викендот носи увид што ќе ви помогне во следните чекори.
Риби
Време е да се соочите со нешто што одамна го потиснувате. Викендов ќе биде психолошки интензивен, иако однадвор може да делувате мирно. Можно е разочарување од некој близок, но тоа ќе ви отвори простор за личен раст. Не ја гасете интуицијата – таа точно знае каде треба да тргнете.